Андријана, Тоше, Каролина: Во Сиднеј на Олимпијада кога имаше дружби и добра музика

Поп пејачката Андријана Јаневска објави фотографија стара 21 година. Ове е во врмето кога таа Каролина и Тоше, заедно беа во 2000 година во Сиднеј, Австралија. Времето кога македонската музика беше во подем и кога постојано се вадеа хитови.

“ Насмеани и распеани одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата. Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше. Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше“, вели Андријана. .

По ова следеше и реакција на Каролина која сликата ја објави на Инстаграм и напиша колку убави спомени и буди ова време, минато по улици и аеродроми. “Се надевам ќе ископаш уште нкоја слика Андријана, пошто немам ни една од Сиднеј, 2000“, вели поп-пејачката.

.

Scroll to Top