Поранешната водителка на „Пулсирања“, Анета Андонова и диџеј Вера Јанковиќ, се сетија на својата матурска вечер. Вера, за „Фешнел“ открила дека матурската ноќ ја славела во хотелот „Континентал“ 1982 година, а Анета прославила во хотел во Охрид, во 1990те години.
Вера вели дека матурата ја прославила во време кога музиката била најдобра. Партнер ѝ бил нејзиниот дечко, а таа не ни помислувала матурската вечер да ја претвори во помпезна прослава.
„Матурантка бев 1982 година, генерација 1978-82 година, гимназија ‘Георги Димитров’, една според мене најдобрите и најстроги од тоа време. Бев полнолетна во најубавиот период што се однесува до светот на музиката. Партнер ми беше човекот што тогаш ми беше момче, а скоро потоа и маж. Бевме свои и оригинални – деца со очи на пораснати човечишта. Матурската вечер, драги мои, не е свадбена, надмена, оптоварена со едно брдо пари и будалаштини без основа! Таа е завршеток на една детска игра, премин кон уште поквалитетна животна збирштина со оние кои ќе бидат дел од понатамошното битисување низ лавиринтот на феноменот наречен живот“, раскажала Вера.
Анета ја нема својата матурска слика. Вели, останала некаде скриена во албумите. Со соученицитре славеле во Охрид, а гардеробата ја купила од Трст.
„Матурата ја прославив во ’90те години од минатиот век. Тоа беа години на транзиција. Бевме прва генерација која по распадот на Југославија, традиционалното патување низ СФРЈ го замени со неколку дена во Охрид. Гардероба? Па се знае, од Трст. Отидовме група ученици, но едвај се вративме. Железничкиот сообраќај беше во прекин заради воените интервенции. Но, тоа не нѐ спречи да уживаме во дружењето, ниту во музиката. Не го паметам ресторанот во кој лудувавме самата вечер, ама носев црвено кадифено палто и исто такво здолниште. Веројатно тоа било тренди тие години. Високи потпетици и шминка за на сите да им е јасно дека сега сме големи и дека никој ништо не ни може, дека светот е наш. И не важно што наликуваме на теткички… само да сме над земјата“, се сеќава Анета.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.