Ангел Јовевски од Радовиш кој ја освои публиката преку своето учество во регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, сними кавер-верзија на големиот хит „Моја драга“ од Здравко Чолиќ.
Новата верзија на „Моја драга“ е во изведба на Јовевски и Орце Трајанов, клавијатура, снимена во живо во студиото на продукцијата „ТнТ“.
Кавер-верзијата е најава за нови материјали на кои младиот пејач активно работи.