Анонимен битолчанец го купи портретот на Атиџе за 10 илјади денари

Анонимен купувач го купи портертот на ликот со Атиџе Муратова, ѕвездата на документарниот филм „Медена Земја“, изработен од ликовниот уметник Саше Милевски за 10 илјади денари. Тој учествуваше на 24-часовната онлајн хуманитарна аукција која ја организираше водителката и писателка Сузана Турунџиева, по повод 58. роденден на Атиџе.

„Портретот го купи анонимен битолчанец кој живее во странство“, изјави Сузана за „Репортер“.

Таа додаде дека парите се роденденски подарок за Атиџе.

„Анонимниот купувач е многу голем почитувач на ликот и делото на Атиџе, вљубеник во природата, во Татковината и многу се радува поради тоа што ја има можноста да стане сопственик на нејзин портрет. Додека Саше Милевски е одличен портретист, чии портретии може да се погледнат на неговата веб-страница“, вели Сузе.

Пред две години, Милевски го изработил портретот во техника акрил на платно, веднаш по гледањето на филмот, под силни емоции и импресии од тешката животна приказна на Атиџе.

Scroll to Top