Поп-пејачката Антониа Гиговска објави фотосесија со нејзиниот сопруг Роберт и откри дека ќе станат родители на машко дете.
„Нашиот сладок капитен е на пат, едвај чекаме да те запознаеме“, напиша пејачката.
Пејачката минатата недела официјално се омажи за нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски познат како Џокер. Антониа за денот на венчвката одбрала долг бел фустан од тантела со долги ракави.
Инаку пејачката во јануари оваа година, со фотографии од Копаоник објави дека е бремена. По објавувањето на бременоста, таа се повлече од настапите во живо, но и од музичката сцена.
На социјалните мрежи објавува постојано фотографии како ужива во бременоста.
Фото: badstef