Антониа Гиговска ќе пее на фестивал во Романија

By

Поп-пејачката Антониа Гиговска е во Романија каде што на 30 и 31 август ќе пее на меѓународен фестивал во градот Брешов. Годинава организаторите слават 50. јубилеј од првиот одржан фестивал, а Антониа е меѓу 18 учесници од целиот свет. На фестивалот изминативе години пееле Рики Мартин, Пинк, „Скорпионс“, Џо Кокер, „Ваја кон диос“, Кристина Агилера и многу други.

„Фестивалот има неверојатно добра организација, на ниво на ‘Евровизија’. Внимаваат буквално на се. Најпрво аплицирав за учество, и бев пресречна кога ми јавија дека сум избрана да пеам заедно со уште седумнаесет пејачи од цел свет. Тие се погрижија за авионскиот превоз за мене и за четири лица што ми се придружба на фестивалот“, раскажа пејачката за „Репортер“.

Државата и Романската национална телевизија се организатори на фестивалот на кој ќе настапат пејачи на возраст од 16 до 36 години.

„Веќе ја имав првата проба, а ќе пеам една романска песна и And I Am Telling You од Џенифер Хадсон. Сцената е огромна. Има одлично осветлување и озвучување. Едвај чекам да настапам“, ни рече Антониа.

Пејачката, која публиката ја запозна преку шоуто „Пинкови ѕвездички“ во моментов е актуелна со песната „Ванила“, на која соработува со Панчо од ДНК.

(А.Ј)

Ќе ви се допадне

AniWatch: Megaman Star Force (Dub) anime episode 25 online free at https://aniwatch.pro dubbed anime

Watch Thunder Prince (Dub) Episode Full

Watch Animation Runner Kuromi Episode Full

AnimeFLV: Catman Series II anime episode 8 online free at https://animeflv.uk kissanime

Bcaquaria: https://www.bcaquaria.com/members/animefreakws.58728/#about

Webwiki: https://www.webwiki.com/kissanime.mx