Антониа на аукција продава фустан, а парите се за лекување на Анета Јовановска која се бори со рак

Пејачката Антониа Гиговска на аукција го продава свилениот фустан што го носи во спотот за песната „Хиена“, а парите ќе ги донира за лекување на Анета Јовановска, која боледува од карцином. За Анета во моментов се собираат пари и преку броеви за донации. Антониа вели дека почетната сума на фустанот е 10.000 денари. Аукцијата ќе трае десетина дена, а потоа фустанот ќе го добие тој што ќе понуди најмногу.

„Овој фустан е првата кастом мејд креација на мојата стилистка Викторија Бурсаќ. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам. Изработен е од свила и е S конфекциски број. Парите сакам да ги донирам за Анета Јовановска што боледува од карцином.
Нема да бидат пари коишто ќе помогнат многу, но се надевам на неа ќе ѝ значат. Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме. Почетната цена е 10.000ден“, напиша Антониа.

Пејачката рече и дека не знае како се ставаат предмети на аукција, па затоа идејата ја објавува на Инстаграм и Фејсбук за да ја видат што повеќе луѓе и да се вклучат во хуманитарната акција.

„Ќе ми значи ако ова го споделите и вие, затоа што можеби оние коишто не ме следат ќе видат токму од кај вас“, додава таа.

Антониа фустанот го носи во последните сцени од спотот за песната „Хиена“, што ја сними заедно со 2Бона. Песната за три дена има речиси 200.000 прегледи на Јутјуб.

Scroll to Top