Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко

By

Поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко. Тој и сопругата Симона чекаат ќерка. Пред две недели, пратеникот ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона. Антонио Милошоски ни потврди дека по четврти пат ќе стане татко и за „Репортер“ раскажа за бебето кое го чекаат со сопругата Симона.

„Да, вистина е. Дома многу се радуваме што ни се случи посакуваната бременост. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка. Повеќе деца, повеќе среќа”, вели Милошоски за „Репортер“.

Синот Давид има 10 години, помалата сестра Дариа 2 години, а засега најмалата , Михаела има 9 месеци. Третата ќерка Антонио и Симона ја очекуваат околу Нова година.

А. Георгиев

Давид, Дариа и Михаела

Ќе ви се допадне