Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во баш чудна комбинација го пречека амбасадорот на Полска во Македонија, Кшиштов Гжелчик. Нејзиниот избор на облека не ги остави рамнодушни ниту јавноста ниту модните критичари. И овој пат за Репортер со својата модна приказна зборува модната критичарка која носи име The Other Lagerfeld
Е, па според The Other Lagerfeld стилот на Данела оди вака: На сликата можете да ја видите апсолутната модна катастрофа на Данела Арсовска на средбата со полскиот амбасадор. Доколку ме прашате мене, сликата која ја претставува со својот избор на облека е криминална. Искомбинирано е црно сако со по две златни копчиња на двете страни. Не сум фан на вакви модели, а самото тоа што сакото не стои правилно на нејзината силуета го влошува изгледот уште толку! За жал, Арсовска и не го ни закопчала ова парче облека за да нè поштеди од евтината и испукана апликација на небесното сина блуза.
Прво и основно, самата блуза е премногу спортска за вакво елегантно сако. Уште и нијансата на таа сина боја е тотална утка за во комбинација со сакото! За панталоните нема многу за коментирање, тоа се обични лежерни црни панталони. Арсовска додала уште поголем спортски стил со белите патики кои тотално не одговараат. Поточно, според мене сите парчиња едноставно не се за во иста комбинација. Да, и самата обожувам кога има мешање на стилови, на пример некој елегантен мини фустан и бајкерска кожна јакна. Но сепак, и тоа мешање на стилови треба да се изведе правилно и со вкус. На крајот од денот, кога се коментира некој изглед предвид се зема и настанот за кој е наменет. Па затоа, ваков лош микс на елеганција и „за до парк“ алишта и не е најдобриот избор за ваква пригода. За ваков вид средби е наменет елегантен изглед, како на пример добро скроен сет од блејзер и панталони со некоја добра салонки или пак некоја интересна бела кошула, а не ваков недефиниран хаос од изглед.
За Репортер коментира Тhe Other Lagerfeld