Баба Ристана на Четкар наполни 85 години

By

Џез-музичарот Владимир Василески – Четкар пред неколку дена од Америка се врати во Македонија. Штом пристигна во Охрид, заедно со родителите и баба му Ристана седнаа на семеен ручек и со добро вино и вкусна храна го прославија нејзиниот роденден.

„Баба ми Ристана денес полни 85 години. Имавме убав повод за оваа интимна прослава“, рече Четкар за „Репортер“.

Тој рече дека на прославата единствено недостигале брат му Васко со семејството, оти веќе две години живеат во Америка.

Четкар веднаш по враќањето во Македонија одржа свирка во Скопје, една од многуте што го очекуваат наредниов период. Во Америка, пак, снимаше песни за својот нов албум, кој ќе биде промовиран во  текот на оваа година.

(А.Ј)

Ќе ви се допадне