„Банкрот блуз бенд“, по 30 години, ја преработи песната „Починка“ во чест на Блаже Конески

На повеќе радија денеска премиерно ќе биде пуштена песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“. Мелодијата првпат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката ја напиша Љупчо Константинов на текст на Блаже Конески.

По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на Блаже Конески.

По заедничкиот концерт во септември 2020 година во Куршумли ан, но и пауза по 20 години  „Банкрот блуз бенд“ повторно се активни. Зад нив се веќе неколку настапи низ Македонија, првиот беше во Кичево, а следуваат концерти во Битола, Охрид, Струмица.

Scroll to Top