Да се најде добар мајстор не е лесна задача, но Daibau платформата го негира тоа.
Пролетното чистење е нешто што на повеќето луѓе им паѓа на ум штом ќе заблескаат првите сончеви зраци и ќе пристигнат пролетните месеци, се јавува желба за темелно чистење и преуредување на нашиот станбен или деловен простор, т.е. да го освежиме по студената и мрачна зима.
Без разлика дали сакаме да ги обоиме ѕидовите, да поставиме клима уред или да ја преуредиме нашата градина, ќе ни треба помош од специјалисти – доверливи мајстори кои брзо и лесно ќе ни помогнат во овој потфат. Секој барем еднаш се уверил дека да се најде таков мајстор не е лесна задача, но Daibau платформата го негира тоа.
Ви требаат мајстори во моментов, но тие се премногу зафатени…
Кога дневните температури надминуваат 20 степени, повеќето луѓе сакаат да ги бојадисаат и освежат своите ѕидови. Некои претпочитаат да го прават тоа сами, а оние кои не сакаат да го поминуваат слободното време во белење и не се сигурни дека можат да ја завршат работата на задоволително ниво, без да направат хаос, ќе побараат молери. Бидејќи повеќе од луѓето се јавуваат во исто време-месец, распоредот на молерите е полн и не можат да одговорат на сите, па затоа се принудени да одбиваат работа. Заклучокот е дека дури и да се најде молер кој ги исполни вашите критериуми, веројатно нема да биде достапен или нема да може да дојде на локацијата во периодот што сте го планирале.
Истото е случај и со другите активности. Кога денот станува подолг и бројот на сончеви часови се зголемува, секој сака слободното време да го поминува на отворено, а токму во пролетта се јавува желбата за уредување на дворот. Сепак, не е толку едноставна задача да се најде соодветен и во исто време слободен професионалец кој е квалификуван да врши надворешно уредување, а од друга страна, да биде блиску до местото каде што живееме.
Пребарување на мајстори што дава ефективни резултати за кратко време
Сепак, постои решение да се најде мајстор кој е слободен и подготвен да излезе на терен во посакуваното време и на посакуваното место. Платформата Даибау поврзува иѕведувачи на градежни работи, т.е. специјалистите, со сите оние на кои им се потребни, т.е. со оние кои сакаат да го изградат или реновираат својот дом или работни простории и тоа на начин и двете страни да имаат корист.
На платформата, можете да најдете повеќе од 240 специјализирани категории во областа на градежништвото, дизајнот и реновирањето, а достапни се речиси 1.500 градежни изведувачи. Сигурно се прашувате како функционира оваа платформа?
На платформата Daibau постои барање за кое се потребни само неколку минути за да се пополни. Во барањето го посочуваме описот на саканата работа, периодот во кој треба да се завршат работите, како и местото каде што треба да дојдат изведувачите. Така, на пример, ако сакате да ги освежите ѕидовите во вашиот дом, треба да изберете „белење, молерај“ во типот на работа, потоа само накратко опишете ги вашите желби, наведете што сакате да обоите (во квадратни метри), кога сакате молерите да започнат со работа, како и местото-локацијата каде треба да се извршува работата. Исто така, постои можност да прикачите фотографии или скици во барањето, што овозможува подобро да објасните што сакате, за да го најдете најпогодниот мајстор. И сето тоа бесплатно!
Откако ќе го испратите барањето, платформата, според наведените критериуми што ги внесовте, ќе ви понуди достапни изведувачи по емаил. Предложените занаетчии ќе бидат спремни да дојдат на лице место и да го обојат вашиот станбен или деловен простор, во посоченото време во барањето . Бидејќи желбите и барањата се изразуваат со пополнување на анкетниот лист, ќе се спречи можноста за недоразбирања, бидејќи изведувачите знаат што се очекува од нив, но и што можат тие да очекуваат на лице место. Останува само да се избере еден од изведувачите чии податоци ги добивте по емаил и да ги прецизирате деталите за соработката.
Избор на мајстор врз основа на неговите оценки
Се поставува ново прашање – ако платформата ни нуди неколку изведувачи, како да го направиме вистинскиот избор и да се решиме на најдобриот? Во тоа ќе ни помогнат препораките, односно оценките за изведувачите. Имено, откако мајсторите ќе ја завршат својата работа, сите изведувачи имаат можност да го оценат нивниот труд и залагање, односно да го споделат своето задоволство од изведбата, на начин што ќе остават коментар и оценка. Од причина што препораките се транспарентни, врз основа на нив можеме да донесеме правилна одлука и да го избереме мајсторот кој ќе ја изврши работата на најдобар можен начин.
Платформата нуди уште една можност која секако ќе биде клучна за вас пред да започнете со работата или пред да се сретнете со мајсторот. Во делот „Приближни цени“ може да ги најдете просечните цени на поединечните видови работи, производи и услуги, што ви овозможува да добиете детални информации за цените и трошоците пред да контактирате со изведувачите. Благодарение на ова, полесно ќе управувате со буџетот што сте подготвени да го издвоите за извршување на работата.
Искористете ги сончевите денови во кои ќе уживате додека го средувате и освежувате вашиот дом со помош на проверени и професионални мајстори кои ќе ја завршат својата работа најдобро што може. Сега можете да ги имате и двете – обновен и уреден дом по ваш вкус со минимален труд и без „губење нерви и слободно време“ за себе и вашите најблиски, бидејќи не мора да се грижите да барате мајстори и да губите време во често исцрпувачки договори со нив.
(ПР)