Барди и Несторовски го победија Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија е пред пласман во Ц лигата на Лигата на нации. Откако победи против Лихтенштајн на гости со 2:0 со головите на Енис Барди и Илија Несторовски, Македонија ќе игра во плеј-офот и ќе се обиде да се пласира на Европското првенство.

По пет натпревари, Македонија има освоено 12 поени со четири победи и еден пораз, од Ерменија на гости. Во понеделник во Скопје ќе се игра последниот, шести меч од квалификациите, а нашата репрезентација ќе игра против Гибралтар за да го потврди првото место во групата.

 

Табела (по 5 кола):
Македонија 12
Ерменија 9
Гибралтар 6
Лихтенштајн 4

Фото: ФФМ

Scroll to Top