Баже Грјуовски, Тања Стефановска, Адријана Ацоска и Сузана Гавазова на Богородица пееја во Пробиштип. Тие направија џумбуш на приватна забава што ја организираше рудникот Булмак за да го одбележи Денот на рударите, 28 август. Фолк-пејачите ги испеаја своите најголеми хитови за рударите и нивните семејства. Кога заврши концертот се собраа на ручек во ресторан во Пробиштип и се пофалија дека се дружат и приватно.
„Дружење со екипата по настапот на прославата на денот на рударите на Булмак“, напиша Баже на фејсбук.
Пријателите ги пофалија за дружбата, а имаше и такви што прашаа дали освен мезе им дале да каснат и нешто конкретно.