„Бело копче“ растури во „Интермецо“: Журка како на концерт на промоцијата кај Ѕоф

Групата „Бело копче трибјут -Бјело дугме“ направи незаборавна журка на промоцијата на новата книга „Џабе живиш у Скопје“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф.

Цеки со бендот во „Интермецо“  им ги освежи емоциите на гостите потсетувајќи на оригиналната група која растураше со концерти низ цела Југославија.

Меѓу гостите имаше многу познати лица, пејачи и актери и сите се забавуваа и во еден глас ги пееја најпопуларните песни на некогашната југословенска рок-група.

Бендот направи реплика од „Бијело дугме“ и сите се потрудија да личат на оригиналните членови. И во изгледот со помош на шминката, периките, разните маски и облекувањето, но и во однесувањето на сцената. Фронтменот неколку пати се пресоблече за да изгледа оригинал Жељко Бебек.

„Го пеам и изведувам Жељко Бебек оригинал. Ги пееме песните како од плоча. Плус ја потсетуваме публиката и со нивниот стајлинг за да потсетиме на тие години“, ни рече фротменот Цеки.

Со него беа и гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ), басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ), тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ), клавијатуристите Борислав Драганов – Боби (како Лаза Ристовски), Давор Јордановски, како Владо Правдиќ, а во придружните вокали пееше Ана Коства.

За „Репортер“ ни рекоа дека сакаат да одржат и концерт. Планот им е да ја освојат не само публиката во Македонија туку и пошироко.

„Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ночас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет чу се“, се само дел од песните кои најмногу ги изведуваат.

(Видео) Цело Скопје му дојде на промоција на Зоран Спасов-Ѕоф: „Џабе живиш у Скопје“ е новата хит-книга

 

Scroll to Top