Бени ја поддржа Нора откако ја разрешија од директорската функција: Нема правда нема мир

Откако Нора Шаќири Марковиќ беше разрешена од функцијата в.д директор на Театар Комедија, нејзиниот брат Бени објави заедничка слика со порака „Нема правда, нема мир“. Бени за фотографијата го искористи слоганот што беше актуелен во време на протестите на Шарената револуција.

Нора беше разрешена пред неколку дена, откако еден од вработените во театарот ја пријавил за мобинг. На нејзино место беше поставена актерката Магдалена Ризова Черних, со што не се сложија вработените во театарот. Тие од министерството за култура побараа на местото на Нора да дојде Дарко Спасов.

По најавата дека е разрешена, Нора откри дека против вработениот што ја пријавил за мобинг, таа претходно покренала дисциплинска постапка, оти откако завршил колективниот одмор, тој иако немал слободни денови, пак заминал на одмор и за цело време додека бил отсутен од работа, постојано објавувал слики од патувањето. Нора тогаш додаде дека е незаконски разрешена, а таа е горда на сè што постигнале со Комедија во времето додека била на функција.

За потсетување, Нора беше назначена за в.д директор на театарот во февруари годинава, откако против тогашниот директор, глумецот Сашо Ристовски се поведе постапка за незаконско финансиско работење.

Нора Шаќири разрешена од Tеатaр „Комедија“, на нејзино место е назначена глумицата Магдалена Ризова-Черних

Scroll to Top