Бени, кој беше кандидат за градоначалник, ќе пее на плоштадот за Нова година

И Бени Шакири ќе биде меѓу пејачите што ќе настапат за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. Претходно, од Град Скопје ја објавија листата со пејачи, меѓу кои беа „Нокаут“, ДНК, „Пука козметика“, Наум и Зуица Петрески и Диџеј Славе.

Сега на листата додадени се и Бени и „Нон стоп“, кои ќе настапат од 22.30 до 23.30 часот.

„Скопјани, вечерва, од 20.30 часот дојдете на плоштадот Македонија и со македонски изведувачи пречекајте ја Новата 2022 година. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја пречекаат Новата година“, порачаа од Град Скопје.

20.30-21.30 – „Пука козметика“

21.30-22.30  ДНК

22.30-23.30 – Бени и „Нон стоп“

23:30-00:30 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова

Scroll to Top