Бериќетна година за македонските јавни фаци

By

Годинава што мина беше бериќетна за нашите јавни фаци, особено за македонските спортисти. Некои од нив за првпат добија деца. Најсреќните моменти ги споделуваа со јавноста. Македонски политичари, пејачи, актери….Кој сè доби дете во 2018.

Поп-пејачката Сара Мејс стана мајка. Таа ја роди ќерката Илина. Илина е прво дете на Сара и на водителот Димитар Атанасовски.

Се породи Сара Мејс

Антонио Милошоски стана татко по четврти пат. Неговата сопруга Симона се породи, бебето го доби името Илина. Симона се породила во приватна болница „Аџибадем Систина“.

Антонио Милошоски стана татко по четврти пат

Борко Ристевски и Горан Пандев се спортистите кои годинава станаа татковци. Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, првпат стана татко во 2018 година и го доби синот  Душан.

Неговата сопруга Николина се породи во болница во Барселона. Друштво им правеше мајката на Борко, која цело време беше со нив за време на раѓањето на својот внук. Голманот сподели фотографија на која е со сопругата Николина и со бебето.

Во интервју за Репортер Борко откри декa името на бебето е по неговиот починат татко. За време на првенството, додека Николина беше бремена, голманот играше со патики на кои беше испишано името на неговиот син.

Борко Ристовски го доби својот прв син Душан

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев годинава ја доби ќерката Софија, и тоа е трето дете на Пандев. Фудбалерот со сопругата Надица веќе ги имаат ќерката Ана и синот Филипо.

Веста дека Пандев добил ќерка ја објави и фудбалскиот клуб „Џенова“, каде што нашиот фудбалер игра од 2015 година. Тие преку „Твитер“ на Горан му го честитаа раќањето на ќерката.

Горан Пандев третпат стана татко

Пејачката Аделина Тахири годинава за првпат се најде во улогата на мајка. Таа го доби синот Јон.

Пејачката Аделина Тахири го роди своето прво дете, синот Јон

И поп-пејачката Сања Лефкова годинава стана мајка по вторпат. Таа својот прв син Никола го  израдува со братот Лукас.

Сања и нејзиниот сопруг Мики неколку години се во брак, а пред да стане мајка беше особено активна на музичката сцена. Но, кога се породи со синот Никола, набргу се врати на музичката сцена.

Сања Лефкова вторпат станa мајка

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во 2018 година за првпат се најде во улогата на мајка. Јанкуловска го роди синот  Петар.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска роди син

Македонскиот актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, познат како Марлон Брандо, стана татко на Дениција. Тој и неговата сопруга Ирина, со која се венча минатото лето, добија девојче. Дениција е второ дете на актерот. Тој ја има и  ќерката Дарја.

Актерот Кирил Трајковски стана татко

Годинава се израдуваа и голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, капитенот на фудбалскиот клуб „Работнички“, Душко Трајчевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и актерот од Турскиот театар, Ертан Шабан.

Подготви: Редакција на „Репортер“

 

 

Ќе ви се допадне