„Бернејс пропаганда“ разочарани, се откажуваат од свирење поради културната мафија

На 22 и 23 февруари „Бернејс пропаганда“ ќе одржи концерти во МКЦ. Ова се нивни први концерти по двегодишна пауза во Скопје, но од бендот велат дека се можеби и последните концерти што ќе ги одржат во својата кариера.

„Искрено, концертите на 22 и 23 февруари ќе бидат наши последни на подолго време, ако не и последни кои некогаш ќе ги отсвириме!!! Едноставно, немаме повеќе сила да го работиме ова на високото ниво коешто самите го наметнавме, а и изморени сме од 13-годишната борба со културната мафија и слугите на големиот капитал. Иако дадовме сѐ од себе да не се случи ова, едноставно го признаваме поразот и силата ја чуваме за нашите последни настапи“, велат тие.

Scroll to Top