Судот му одреди 30 дена притвор на Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, кој е еден од водачите на „За заедничка Македонија“ . Со ова одлука Бетмен ќе му се придружи во затврот на оперскиот пејач со интернационална кариера Игор Дурловски, кој исто така е еден од водачите на Здружението. За разлика од нив, на Борис Дамовски судот му одреди куќен притвор. Бетмен Велит и Игор Дурловски беа иницијатори на протестите кои на 27 април ескалираа со организиран напад во Собранието.
Бетмен Велит во Шутка
