Биба Додева: „Направи да се чувствувам најсакана на цел свет“

Македонската пејачка и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева, вчера го прослави родененот на татка си, но и годишнината од формирањето на нејзиното здружение за борба против ракот на дојката. Пејачката објави слика со нејзиниот татко на „Фејсбук“ и ги наброи сите работи што за неа го прават посебен и најдобар татко на светот. Биба вели, заради него, таа се чувствува најсакана на цел свет.

„Тој намногу се радува на моите успеси.
Тој со ноќи нема спиено поради мене.
Тој секогаш ми посакува да бидам среќна.
Тој секогаш е на моја страна, па дури и кога не сум во право.
Тој најмногу верува во мене, дури и кога јас не верувам во себе.
Тој ме научи да верувам во доброто, во љубовта, во секој нов ден.
Тој ме научи да го сакам животот.
Тој ме научи да простувам… но најважно да знам на себе да си простам.
Тој ме научи да помагам без да очекувам некој да каже благодарам.
Тој направи цел живот да се чувствувам најсакана на свет.
Тој е пример за добрина, љубов и трпение и благословена сум што ми е мој тате.
Тој е надобриот татко на цел свет!
Да си ми жив и здрав уште многу години.
Те сакам тато! Среќен ти роденден, па да го славиме уште долго,“ напишала Биба.

Не е првпат пејачката јавно да каже што чувствува за своето семејство. Таа често објавува слики и пораки посветени на нејзината почината мајка, која боледуваше од рак, а која е и причината што Биба ја формираше „Борка“, организацијата што се бори против ракот на дојката.

Scroll to Top