Музичарот Денис Мурат стана татко. Тој и неговата сопруга, пејачката Стефани Стефановска – Мурат, добија син, кому му дадоа библиско име – Каин. Пејачот преку Фејсбук се пофали дека станал татко.
„Се роди Каин. Станав татко. Да си жив и здрав сине!“, напиша пејачот.
Денис и Стефани се запознаа пред неколку години на плажа во Охрид, а во 2016 година Стефани го побара Денис за маж. Двојката се венча пред една година. Освен што се во брак, тие настапуваат заедно во дуото „Дис“.
За потсетување, македонската јавност го запозна Денис пред девет години кога се натпреваруваше во музичкото шоу„ Идол“ каде што беше еден од фаворитите и миленици на публиката.