Панчо од ДНК го поддржа македонскиот репрезентативец Илија Нестороски, по веста дека поради повреда нема да настапи на престојното Европско првенство ова лето. Тој објави нивна заеднича фотографија со дресот кој му го подари Нестороски, со името на пејачот.
„Биди јак другар. Знам дека ќе се вратиш посилен од било кога“, напиша Панчо, кој е голем пријател со дел од македонските репрезентативци и ги бодри на секој нивен натпревар, било да е тоа клубски или репрезентативен.
За потсетување, Нестороски откако се повреди на тренинг, ќе мора да направи операција на коленото. Тој вчера помина специјалистички преглед во Рим, а лекарите потврдија дека мора да ги оперира вкрстените лигаменти на коленото, што значи најмалку шест месеци пауза.
(Фото) Нестороски нема да игра на ЕП: По операцијата ќе се вратам посилен од претходно