Билјана Дебарлиева доаѓа на местото на Илија Николовски да води емисија за здравство

Познатата водителка и презентерка Билјана Дебарлиева по 11 години си замина од Канал 5 телевизија. Но, Дебарлиева продолжува повторно пред камерите како водител емисиите за здравство, „Визита“ и  „Фактор здравје“ на Телевизија 24. Таа дојде на местото на колегата Илија Николовски. Таа веќе ја почна и првата емисија на тема есенски вируси. Билјана најави дека гледачите ќе можат да ја гледаат емисијата  работен ден наутро. По одјавата од Канал 5, Дебарлиева со сопругот замина на Маврово, каде што остана неколку дена за  да се одмори и да се подготви за новата емисија.
За потсетување, Билјана беше препознатливо лице од утринската програма на некогашната А1 телевизија, водеше утринска програма, „Бебе магазин“

Scroll to Top