Бивша фудбалерка по поразот на машката репрезентација од Англија, ни викаа дека местото ни е во кујна, ајде вие сега на скаричка назад

По поразот на Македонија од Англија со 7:0 се јави и поранешната македонска фудбалска репрезентавика и капитен на Македонија, Афродита Салихи.
И ако досега, фудбалерките беа тие за потсмев, затоа што низ годиниве губеа двоцифрено, па против Англичанките доживуваа безмалку слични дебакли, Салихи сега дочека да им врати на сите за бламажата на Олд Трафорд.
Таа беше дел од селекцијата која исто изгуби убедливо од женската репрезентација на Англија, па се осврна на некои коментари од тогаш.„Е нека видат како ни беше и на нас жените со Англија. Ни било местото во кујна. Ајде и вие на скаричка назад и пивце домаќини“, рече Салихи.
За потсетување, македонската фудбалска репрезентација на Олд Трафорд го претрпе најтешкиот пораз во историјата. Во Манчестер изгубија 7:0 што е највисок пораз откако е основана репрезентацијата.
Scroll to Top