Благица и Барбара, другарство за цел живот

Фолк -пејачката Благица Павловска и Барбара Јаковлевска, која публиката има можност да ја следи во телевизиското шоу „Никогаш не е доцна“, заедно во чест на Есма и Уснија Реџепови ја испејаа „Чајорие шукарије“ и добија голем аплуз од публиката.

Интересно е тоа што тие две се дружат долги години. Велат дека другарството е најубавото нешто, особено ако трае со години.  „ Такво е и на нешето другарство, искрено и долгогодишно“, вели фолк -пајачката Благица Павловска која дојде во музичкото шоу, во кое се натпреварува Барбара, да и биде нејзина најгоелма поддршка.

Нивното другарството трае повеќе од 30 години. Уште од почетоците на нивните музички кариери, кога двете настапувале во тогаш најпопуларниот скопски ресторан „Лисабон“ во Скопје.

„Ние сме другарки над 30 години и знаеме како да си го негуваме другарството. Тоа се гледа до денес.  Заедно работевме многу време, но потоа Барбара  се омажи, замина во Швајцарија и не настапуваше. После долги години, таа реши да се врати на естрадата и со неа досега имаме четири дует- песни кои ги испавме на неколку фестивали. Кога јас одам во Швајцарија нема шанси , а да не се видиме, исто е и кога Барбара доага во Скопје“,  раскажа Благица за „Репортер“.

Благица вели дека е задоволна од тоа како биле пречекани и третирани во шоуто,кое се одржува во Србија, и вели дека има разлика од кај нас каде пејачите, особено повозрасните не се почитуваат.

„Убава сцена. Голема сцена. Задоволство е да гледаш како функционираат и како се почитуваат. Навистина во Србија се почитуваат повозрасните пејачи. Кај нас не само што не се почитуваат туку за секој велат- доста му е. А, музиката нема старост. Напротив, таа подмладува. Кај нас само си пречиме место да се поддржуваме.  За жал, ама  така е“, додава Благица.

Александра Георгиев

 

 

Scroll to Top