Благица Павловска, Петар Нечоски, Ленче и Горан Кукиќ, Нино Величковски и уште неколку пејачи од Македонија и странство ќе се борат за наградите од стручното жири и публиката на првата вечер на фестивалот „Охридски трубадури“, која ќе се одржи утре (6 септември).
Со настапот на фолкерите ќе започне тридневниот фестивал во Охрид, на кој ќе бидат исполнети 60 нови песни. Втората вечер традиционално е поп, а третата вечер е интернационална и како специјални гости ќе настапат Владо Калембер и Трифун Костовски.