Благој Веселинов добитник на наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани

Актерот Благој Веселинов е добитник на Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани. Покрај Веслинов, награда за животно дело постхумно ќе добие и културниот деец Борис Стојчев, уметник, истражувач и собирач на народни умотворби од Кочанско.

Стојчев е и основач на Околискиот народен театар во Кочани.

Највисоките општински признанија ќе бидат доделени на свечената седница што Советот на Општината ќе ја одржи на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кочани. Поради здравствената состојба, седницата ќе се одржи со ограничен број посетители, според протоколите за заштита утврдени од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Scroll to Top