Бока Рафинерија ја преработи „Прва љубов“

Борче Бока Димитров од „Рафинерија“ ја преработи легендарната песна  „Прва љубов“. Песната од денес е пуштена по радио станиците.

„Оваа мелодија од секогаш сум ја сметал за сериозна. Само мораше да го променам текстот за што Софија Каранфиловска ми даде одобрение и изведувачки права за што сум и премногу благодарен. Песната ќе можеме да ја слушаме и на радио, а со тоа и да се потсетиме на големиот хит“, вели Бока.

Автор на песната е Драган Каранфиловски Бојс, додека за новиот аранжман, аудио обработката и видеоприказната се погрижи Драган Ристовски – Дац. Јулијана Костадиновска и Димче Динчевски се моделите во приказната, а се појавува и хармоникашот Војче Петрушев од музичката група „Маестро“.

Scroll to Top