По драмата со Бритни Спирс, синот Џејден повторно пред очите на јавноста

Синот на поп-ѕвездата Бритни Спирс, Џејден Џејмс Федерлајн, повторно се појави во јавноста, и тоа за првпат откако неговата мајка доброволно замина на лекување во рехабилитациски центар. Неговото појавување веднаш привлече големо внимание, особено поради актуелната ситуација во која се наоѓа пејачката.

Џејден, кој има 19 години, бил забележан во Лос Анџелес во опуштено издание додека излегувал по пијалак, што е едно од ретките негови појавувања во јавноста во последниот период. Неговото појавување веднаш предизвика реакции кај фановите, кои коментираат колку пораснал и како се променил.

Ова доаѓа откако Бритни Спирс одлучи сама да се пријави во рехабилитација, по инцидент што се случил во март, кога била уапсена поради сомнение за возење под дејство на алкохол и други супстанции.

Според информации од блиски извори, одлуката да побара помош била нејзина лична, но големо влијание имале нејзините синови – Џејден и неговиот брат Шон Престон, кои активно ја охрабриле да преземе чекор кон закрепнување.

И покрај тоа што во минатото нивниот однос беше нарушен, во последниот период се забележува значително зближување. Тие дури поминале заедничко време, вклучително и одмор на јахта, што се смета за важен сигнал дека семејството повторно се обединува.

Според извори, Бритни била „потресена и исплашена“ по апсењето, особено поради можноста за судски последици, што дополнително ја мотивирало да побара стручна помош и да се фокусира на своето здравје и стабилност.

Нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, со кого ги има двете деца, исто така ја поддржал оваа одлука, истакнувајќи дека најважно е таа да ја следи терапијата и да се опорави.

Инаку, ова не е првпат Бритни Спирс да се соочи со ваков предизвик, бидејќи и во минатото имала периоди на лекување, но сегашната ситуација се смета за пресвртна точка во нејзиниот живот, особено по завршувањето на долгогодишното старателство во 2021 година.

Појавувањето на нејзиниот син во јавноста, во ваков момент, се толкува како знак дека семејството повторно се стабилизира и дека најблиските луѓе ѝ се најголема поддршка во процесот на закрепнување.

Scroll to Top