Боки како пилешко замотан во фолија

Боки 13, вчера дојде облечен во креација на Луј Витон на еден јавен настан. Во сребрена наметка за која многумина рекоа дека потсетува на кабаница, бели хеланки и сребрени чевли, тој објави неколку слики од црвениот тепих и се пофали дека бил облечен во стилот на „Волшебникот од Оз“. Но на социјалните мрежи не мислат така.

На Твитер и Фејсбук од вчера не престануваат коментарите за неговиот изглед. Најчестиот коментар е дека се облекол како за на Марс: „Хјустон ви хев а проблем“. Некои велат дека Боки е како пилешко замотано во фолија, а трети дека убаво му стои фустанот.

Scroll to Top