„Боли љубов моја помислата дека сме без тебе“- се прости сопругата од диџеј Ицко

На 48-годишна возраст вчеравечер почина Ристо Меловски, или познат како диџеј Ицко од „Антена 5“.  Тој почина како последица од коронавирусот, откако состојбата вчера се влошила. Неговата сопруга Наташа Меловска, скршена од болка, сепак најде сила да се прости од него.

„Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.

Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и расположиш. Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

Ќе излеземе на прав пат, не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста“, напиша Наташа.

Почина диџеј Ицко од Антена 5

Scroll to Top