Болките во ногата посилни од желбата, Марко приморан да го прекине соло маратонот

Младиот херој Марко Пејчиновски, не успеа да го комплетира соло-маратонот во должина од 64 километри, што го посвети на лицата со ретки болести, поради силните болки во ногата.

Тој беше приморан да запре во близина на Градиште, по неполни 12 километри, пливајќи 4:49 часа во водата. Неговата цел беше да се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.

Болката кој ја чувствувал Марко била преголема. 13-годишното момче даде сè од себе да продолжи, но кога стана јасно дека тоа е невозможно реши да запре со соло-маратонот.

Минатата година Марко го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да ја мине оваа делница.

Scroll to Top