Поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски, манекенката Кристина Димитриевска, вели дека е загрижена од пораките кои извесна личност ги праќа до нејзината фамилија. Особено по веста дека нејзиниот бивши маж повторно се ожени.
Една од пораките која ја добиле нејзините блиски од семејството гласи : Хахаха, многу ли е љубоморна Кристиче што нејзиот син сега ќе има полубрат или полусестра?
На оваа Димитриевска вели: Горе стојат гнасотиите што некоја болесна особа ги пишува на мојата фамилија. Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови и жени…тоа е негов живот. Јас и мојот син живееме наш живот веќе 5 години, затоа што јас ставив крај и немаме никаква врска со живтот на бившиот….“ пишува Кристина.
Неодамна Даниел се ожени со својата девојка и објави слики од венчавката. Предходно беше во брак со Кристина со која имаат син. Пејачот ја обвинуваше дека го труела со кафе, но Крстина го демантираше тоа. Таа во интревју за „Репортер’ изјави дека откако се разведени таа е и татко и мајка на синот.