Бомбакис ќе стане татко: Најдобриот картон што сум го држел во животов

Бомбакис ќе стане татко, откако минатиот месец се ожени со неговата девојка Вики.

Тој објави картон, но од ултразвук и напиша: „Најдобриот „картон“ што сум го држел во животов. Најдоброто нешто што ми се случило во животов. После сите турбуленции, фала ти Господе. Фала ти Вики што си ми најголема поддршка и животов“, напиша Бомбакис.

Инаку Бомбакис на 30-ти јуни направи свадба, како и објавата дека ќе стане татко, така и свадбата ја најави со картон на кој пишуваше: „Ете мајко решив да се женам“.

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски беше специјален гостин на свадбата на Бомбакис. Бендот кој свиреше на свадбата го најави пејачот, а присутните гости со аплауз го пречекаа.

Scroll to Top