Боркица на Груевски, Бугарија за Заев

Какви информации граѓаните на Македонија се обидуваат да дознаат за политичарите со помош на пребарувачот „Гугл“? Во времето на дигиталната ера доволно е да се напише името и презимето на кој било од јавната сцена во пребарувачот, а гугл-алгоритмот во секунда низ предлозите ќе го покаже она што најмногу ги интересира граѓаните на државава.

Прогуглавме што најмногу ги интересира Македонците во врска со домашните политичари. Но, она што треба да го знаете за најпознатиот интернет-пребарувач е дека „Гугл“ не одлучува што ќе се појави во предлозите, туку за тоа е задолжен алгоритамот, кој важи за сите прашања.

Еве што вели „Гугл“ за нашите политичари:

За поранешниот премиер а сега и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, граѓаните најмногу ги интересира за неговото семејство, за сопругата Боркица и ќерката Анастасија. Потоа неговата биографија и поврзаноста со телевизијата „Сител“.

За премиерот  Зоран Заев најмногу ги интересира неговата биографија, а потоа следуваат неговиот личен фејсбук-профил, неговата фамилија, сопругата Зорица, а се појавува и името на Бугарија. Се претпоставува дека станува збор за неодамнешниот потпишан договор со Бугарија.

И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја гуглаат. Прво што ги интересира граѓаните е поврзаноста што ја има со „Канал 5“ и нејзината биографија.

За Никола Димитров, министерот за надворешни работи, пак, најмногу граѓаните се интересираат за неговата сопруга, биографијата и познавањата на анлискиот јазик.

За претседателот Ѓорге Иванов граѓаните најмногу ги интересира неговата биографија, посетите во Брисел, како и неговите гафови.

Scroll to Top