Борко и Лила водители на „Макфест“

Ракометарот Борко Ристовски во улога на презентер ќе го видиме на 37 -то издание на „Макфест 2022“. Ова ќе биде прво вакво искуство за поранешниот голман на македонската машка ракометна репрезентација.

Освен Ристовски како презентери на Макфест ќе се појават, Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и Јана Бурчевска, додека како водителски пат ќе бидат  Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.

Оваа година на сцената на Макфест се појавуваат Тамара Тодевска, „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Пајак и Лара Иванова, Андреа Ковска, Виктор Апостоловски, Андријана Петрушовска, а како гостин од регионот најавен е пејачот на „Бјело Дугме“, Ален Исламовиќ.

Вечерва во Штип започнува 37-то издание фестивалот во Домот на културата „Ацо Шопов“. Првата вечер од фестивалот е наменета за младите таленти, на која ќе учествуваат нови музички надежи.

Во сабота на 22-ри ќе се одржи ревијалната вечер на која ќе учествуваат познати имиња од македонската естрада.

Оваа година Макфест внесе новости, една од нив е што втората вечер ќе биде ревијална, нема да има победници.

 

 

Scroll to Top