Голманот на Вардар, Борко Ристовски, прослави две години брак со неговата сопруга Николина. Таа објави заедничка фотографија со синот Душан и напиша – „Среќна годишнина. Две години од нашата свадба, црквен брак и крштевка на Душан“.
Двојката се венчаше во 2019 година ноќта пред Бадник. На свадбата имаше околу 200 гости. Борко тогаш ни кажа дека тој со Нина претходно се венчале, но поради обврските свадбата беше неколку месеци подоцна. Пролетта во 2018 година го добија синот Душан.