Борко ме купи за цел живот

By

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, во понеделникот се венчаше со неговата Николина. Регистрацијата во матично помина, а свадбената веселба ќе биде кон кон крајот на годината.

„Се регистриравме и сега ни останува повеселиот дел, да направиме свадба. Јас не сум многу по адетите, ама кога се прави свадба, жените го имаат главниот збор. Јас ќе прифатам сè што ќе сака да направи Николина.“, изјави Борко, во интревјуто за “Репортер“

По регистарцијата се огласи и Николина да каже колку е среќна со Борко.

„Сега и официјално женет човек. Не само што е прекрасен човек, туку има срце и душа со кои ме купи за цел живот. Среќна сум што си во мојот живот“, вели таа.

Двојката наскоро го очекува раѓањето на нивниот син, кој името Душан ќе го добие по името на покојниот татако на Борко. (А.Г.)

Ќе ви се допадне