Борко од европски Лисабон ги тераше граѓаните да го бојкотираат референдумот

Еден ден пред референдумот, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски ги повика граѓаните да не излезат на гласање. Тој пораката ја испрати од Лисабон, Португалија, каде што живее од пред неколку месеци. „Постојат многу попаметни начини како да го поминете денот отколку да излезете на гласање. Португалија бојкотира, Лисабон бојкотира, фамилија Ристовски бојкотира“, напиша тој на „Фејсбук“.

Повикот за бојкот на Борко го поддржаа дел од неговите пријатели. Други му порачаа дека треба да се засрами. „Лесно ти е да кажеш да се бојкотира, одамна не живееш во Македонија“, стои во коментарите.

 

Scroll to Top