Еден од најдобрите македонски голмани, Борко Ристовски се повлекува од ракометот. 40-годишниот поранешен репрезентативец ќе се пензионира и во наредниот период се очекува да стане спортски директор на Вардар.
Борко претходата сезона со Вардар го освои Купот на Македонија, но го оствари и најлошиот резултат во последните две децении во Суперлигата, третото место и квалификациите за Европската лига на ЕХФ.
Голем дел од кариерата го мина во странство, а на еден од последните значајни турнири, Купот на Македонија, беше прогласен за најдобар голман.
За потсетување, беше и првак на Германија со Рајн Некар Левен и на Шпанија со Барселона, а настапуваше и за Кретеј, Бенфика, Гумерсбах, Лемго, Металург. По неговото заминување од тимот, се очекува Вардар покрај Томовски и Гогов да побара уште еден квалитетен голман.