Популарниот глумец и шоумен Игор Џамбазов објави фотографија со свјот татко, маестро Александар Џамбазов, и раскажа една случка од времето кога служел војска во Белград во 1981 година.
„Во 1981 бев во војска. У Београду. Кога првпат ми кажаа дека ми дошла посета ‘из Македоније’, прашав – ‘кој’“? А дежурниот на капијата ми рече: ‘Како ко, па дошо ти брат.’ Бидејќи од сигурни извори знаев дека имам сестра, а не брат, бев сигурен дека е некоја грешка. И кога, конечно, стигнав до капијата, го видов татко ми Џамбаз. Во фармерки, тексас-јакна и очила ‘ленонки’. А дежурниот ми вика: ‘Брат ти је закон. А како личите, је*о вас пас’. И денес сфаќам да је био у праву. П.С. Пас нас још није је*о, ама ние сè повеќе си личиме“, напиша Џамбазов.