Брат вие сте? Не бе, Владо Јаневски и Цветанка Ласкова

Актерот Игор Џамбазов и неговата девојка Илина викендов дома си направија козметички третман за лице со црна маска. Игор ја објави сликата на Инстаграм и собра преку 4.000 лајкови, па се пошегува дека тој и Илина сега се од племето Агуагу.

„Брат вие сте?“ го прашаа фановите, а Игор во негов стил одговори: „Не бе, Владо Јаневски и Цветанка Ласкова“.

По ова се нижеа коментари, од тоа дека се супер пар, до пораки дека никој не е пооткачен од нив.

Откако пред една и пол година открија дека се во врска, Игор и Илина постојано споделуваат заеднички фотки и не кријат колку се заљубени.

Scroll to Top