Брејк и Драгана чекаат ќерка

Брачната двојка Дарко Галев-Брејк и Драгана Клопчевска чекаат ќерка. Драгана е во петтиот месец од бременоста, бебето треба да се роди напролет. Вели дека веќе смислиле и име, но засега не сака да го открие.

„Среќна сум многу и едвај чекаме да се роди, а најмногу се радува Давид, кој ќе биде пет години поголем од неговата сестра. Интересно ќе биде дома“, раскажува поранешната Мис на Македонија. И додава дека Марко, првиот син на Брејк, ќе биде поголем 19 години од бебето.

Брејк пак, вели дека е позитивно изненаден, оти бебето ќе биде девојче.

„Среќен сум многу и позитивно изненаден оти секогаш мислев дека и третото, пак ќе биде машко. Ама, еве сега чекаме девојче, знам дека ќе ме разнежни“, вели Брејк.

Драгана ни раскажа дека бременоста ја поденсува добро, дека веќе ги надминала мачнините, во првите месеци и дека сега се чуствува добро.

„Се чувствувам добро, работните обврски нормално ги завршувам. Обврските околу Давид. Сега единствено што многу ми се спие, па не можам да се наспијам, како кога бев бремена со првото дете, оти сега морам да се грижам за Давид“, искрена е Драгана.

Драгана ја препознаваме како лице од пистите и како мис на Македонија за 2001 година. Сега со сестра и веќе седум години го водат „Сити хол“ (старата дискотека „Хард Рок).  Брејк е сопственик на три радија во Скопје. 

(А.Г.)

Scroll to Top