Бучко не е за на гол

Поранешниот министер за одбрана на Македонија, Владо Бучковски, викендов беше голман на ревијалниот натпревар што го одиграа професорите од Економскиот и од Правниот факултет од Скопје. Натпреварот се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански“ како дел од турнирот во мал фудбал за медиуми што веќе неколку години го организира „Спортско радио 90.3“.

Под фотографијата од ексминистерот објавена на „Твитер“ стоеше: „Пази се Буфон“. Но, Бучковски не се прослави овој пат бидејќи екипата на Правниот факултет, чиј голман беше тој, загуби со 3-1.

Scroll to Top