Бугарите ја купија „Преспав“

Популарната хумористична серија „Преспав“ по три успешни сезони пред македонската публика, наскоро ќе се прикажува и на бугарската телевизија  bTV Comedy. Правата за емитување во Бугарија ги откупи btv media Group, која најави дека со македонската серија ќе ја збогати програмата на каналот оваа есен.

„’Преспав’ е првиот ТВ-хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ“, рече Пеце Талески, продуцент на серијата.

„Преспав“ во Бугарија ќе се емитува секој ден од понеделник до петок, а за викенд ќе има репризи на епизодите. btv Comedy е единствениот канал во Бугарија што емитува 24 часа комична и забавна програма.

За потсетување, во моментов се снима четвртата сезона на серијата, а со новите 20 епизоди, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј од 100 епизоди. Емитувањето на четвртата сезона ќе почне на 17 декември на МРТВ, а епизодите потоа ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на „Јутјуб“.

(Видео) „Ќе се разведам, дојди кај мене во соба“, смеење до солзи на снимањето на „Преспав“

Scroll to Top