Четкар и Дамјан на џез кај Иванов

Џез-музичарите Владимир Четкар и Дамјан Пејчиноски вчера се дружеа со претседателот Ѓорге Иванов и со неговата сопруга Маја и синот Иван во Охрид. Тие беа гости на семејството Иванови во претседателката вила „Билјана“ за да го одбележат 30 април, светскиот ден на џезот.

„Ќеф ми беше што освен нас, беа поканети и луѓето од ‘Џез ин’, кое е најстарото џез кафуле кај нас. Постојат од 1988 година и посветени ѝ се само на џез музиката“, рече Четкар за „Репортер“.

Тој додаде дека ова не е првпат да се собираат сите заедно на џез-седенка, но дека дружбите најчесто се во Скопје.

„Овој пат се сретнавме во Охрид, градот во кој сме родени и Дамјан и јас“, додаде Четкар.

Дружбите на Четкар со претседателот Иванов се чести, а претседателот е честопати гостин на свирките на македонскиот џезер.

(А.Ј)

Scroll to Top