„Да ме родиш пак, мајко моја, да се скријам во твојата прегратка“, Андријана Јаневска за својата почината мајка

Познатата пејачка и професор по виолина Андријана Јаневска,сподели емотивен статус  за денот на мајките. Таа  сподели и фотографија од нејзината прерано почината мајка, со посвета:

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка.

Посветено на мојата прерано почината мајка, Нада Јаневска, по повод меѓународнот ден на мајката.

Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете.“ – напиша Јаневска

Scroll to Top