„Да не ме вадиш од памет за ниту еден тромб“ – Весна Бејби му честиташе роденден на Џамбазов

By

Актерката Весна Петрушевска му го честиташе 56. родеден на својот колега Игор Џамбазов. Таа напиша порака во која му се извини дека не можела да дојде на прославата што Игор вчера ја организираше во Дојран. Џамбазов прослави во кафана со своите најблиски пријатели и роднини, а меѓу гостите беа неговиот таткото Александар и Пере од Нокаут.

 

„Среќен роденден срце мое! Од најоправдани причини денес нема да може да те гушнам во Дојран, ама барем знаеш дека те мислам постојано. Јади еден крап за мене, ќе прославиме скоро, да не ме вадиш од памет повеќе за ниту еден тромб, диши длабоко и како што мантраме постојано. Сите ќе умрат ние ќе останеме најнормални. Те сакам колку сите зрнца во песокот праќам бакнежи“, напиша Весна на “Инстаграм“.

Џамбазов роденденот го почна уште вчера рано кога се пофали дека добил уникатен подарок од неговата внука Марија.

(Фото) Внуката на Џамбазов му даде уникатен поклон за роденденот

 

Ќе ви се допадне