Елена Ристеска деновиве го преплавува својот инстаграм-профил со фотографии од снимањето на спотот за песната „Текила и лимон“, која барем засега ја знаат малкумина. Таа со нетрпение очекува да го претстави пред својата публика и вели дека, иако ја обожава својата работа, таа понекогаш бара и 8 часа седење мирно – за добра фризура.
Спотот за песната што ја направија Елена и Дарко Димитров се снимаше во Турција, а со пејачката на снимањето беше и нејзиниот долгогодишен соработник, мејкап-артистот Даниел Николовски.